Македонија
Languages

Languages

Зошто да го изберете NetSuite ERP?

Зголемете ја продуктивноста на вашите вработени, подобрете ја вашата it ефикасност, намалете ги трошоците со користење на NetSuite ERP software

 

NetSuite ERP software

NetSuite ERP software претставува интегриран и едноставен софтвер за управување со компаниските ресурси (ERP), соодветно софтверско решение за мали, средни и големи компании, чии моќни перформанси ќе ви овозможат идеални услови за развој на вашиот бизнис.

NetSuite ERP software ви овозможува да ја согледате големата слика за вашата работа преку автоматизација на клучните бизнис процеси. Фокусирајте се на донесување ефикасни и ефективни деловни одлуки со функционалности кои ги поврзуваат тековните работни активности на сите сектори на вашата компанија, како што се финансии, производство, продажба, набавка на материјали, услуги и менаџмент со човечки ресурси.

Користењето на единствен ЕРП систем ја поедноставува работата на вашите вработени. Наместо хаотичен и нестандардизиран внес на податоци во различни софтверски апликации од страна на вработени во различни сектори од компанијата, NetSuite ви нуди унифицирано решение. Сите вработени во вашата компанија водат евиденција за својот дел од работата единствено во NetSuite ERP software. Ова значително ќе го намали времето што вработените го губат користејќи ги традиционалните бизнис апликации, поттикнува ефикасност и ефективност во работата, обезбедува конзистентни, соодветни и точни податоци за тековните деловни процеси.

Можноста вработените во реално време да следат како податоците поврзани со нивната работа влијаат на целокупната работа поттикнува поголема соработка помеѓу различните сектори, како и зголемување на продуктивноста на ниво на целата компанија. 

Зошто NetSuite ERP software?

Следење на бизнис перформанси во реално време

Почетната страна на NetSuite во реално време прикажува јасна слика за клучните бизнис параметри како што се финансии, продажба, професионални услуги и маркетинг, овозможувајќи му на менаџментот да донесува информирани, навремени одлуки.

Намалување на IT трошоци

NetSuite ERP software како интернет софтверско решение во облак (cloud) ви овозможува да раководите со вашите клучни бизнис операции без додатни трошоци за одржување на IT инфраструктура во компанијата.

Една платформа – повеќе функционалности

NetSuite на своите корисници им обезбедува единствена платформа во облак (cloud) за менаџмент и раководење со повеќе функционалности. Преку автоматизација и унифицирање на процесите, се елиминираат трошоците и потрошеното време за посебни софтвери и апликации за секој сектор од компанијата. NetSuite ја зголемува продуктивноста и брзината на извршување на процесите за управување со бизнисот, истовремено редуцирајќи ги можностите за грешки.

Едноставна интеграција и персонализација

Вградените функционалности на NetSuite ERP software овозможуваат голем број бизнис функционалности преку единствена платформа, со што значително се зголемува продуктивноста на ниво на компанија. NetSuite ги елиминира трошоците за консултантски услуги потребни да се поврзе работата доколку се користи различен софтвер во различни делови од компанијата. Дополнително, NetSuite ги прикажува сите релевантни информации за тековната работа на претпријатието на едноставен и разбирлив начин во реално време преку почетната страна, таканаречена real-time dashboard.

Сигурен и лесен пристап - било каде, било кога

NetSuite ERP software претставува ЕРП софтверско решение базирано на облак (cloud), кое ви овозможува пристап до сите информации поврзани со тековното работење на вашиот бизнис од било кое место во светот, во било кое време. Кон NetSuite можете да пристапите преку било кој мобилен уред приклучен на интернет.

NetSuite ERP овозможува лесно приспособување кон желбите и потребите на вашата компанија и по имплементацијата, што значително ги намалува вкупните трошоци за користење (Total Cost of Ownership).

РСМ МАКЕДОНИЈА - NETSUITE SOLUTION PROVIDER

РСМ Македонија како сертифициран NetSuite Solution Provider ви овозможува имплементација и приспособување на NetSuite ERP во склоп на вашите барања и потребите на вашето тековно работење.  

Стручниот тим на РСМ  е тука да го поддржи развојот на вашиот бизнис, како на локално така и на глобално ниво. Глобалната РСМ мрежата на компании, со канцеларии во повеќе од 120 земји ширум светот, ви нуди помош и поддршка при проширување на бизнисот надвор од нашите граници. NetSuite ви овозможува ефикасно менаџирање со сите деловни активности на вашата компанија, преку едноставен пристап до веб платформата на облак од било каде во светот.

Покрај можностите кои им ги нуди на големите компании насочени кон глобален раст и развој, NetSuite им овозможува постигнување на конкурентска предност и на помали компании кои сакаат да го зацврстат своето место на македонскиот пазар, преку функционалности кои ја зголемуваат ефикасноста и ефективноста на нивното тековно работење.

 

Закажете демо за да дознаете кои се придобивките од користењето на NetSuite ERP software за вашата компанија.

 

Име на компанија *

Email *

Име *

Презиме *

Телефон *