Македонија
Languages

Languages

РСМ Mакедонија партнер на Oracle NetSuite

За секоја компанија миграцијата во нов софтвер е голем предизвик - но  изборот на вистински софтвер може да ја направи разликата помеѓу бизнисот што е во можност да испорача визија и успех наспроти оној бизнис што е заглавен во стара технологија .

logo-oracle-netsuite-solution-provider-horiz-lq-112819-blk.png

РСМ Македонија стана партнер на Oracle NetSuite и со тоа отвори ново поглавје во својата понуда, насочена кон имплементација на најсовремени технолошки решенија за Вашиот бизнис на локално и глобално ниво.

РСМ Македонија е сертифициран NetSuite Solution Provider и почна да го користи NetSuite во својата работа од февруари 2020.


Oracle NetSuite #1 ERP софтвер во облак

Oracle NetSuite е софтвер кој претставува интернет сервис што им овозможува на компаниите да управуваат со сите клучни бизнис процеси од еден систем.

Со илјадници успешни имплементации, NetSuite има длабоко разбирање на многуте предизвици со кои се соочуваат компаниите од сите типови. Како што се забрзува темпото на промена во деловната активност, оние што сè уште се потпираат на застарени ERP системи секојдневно се соочуваат со проблеми. Сѐ повеќе компании не сакаат само “да преживеат”, тие сакаат да напредуваат и да градат одржливи бизниси за иднината. Но, кој е најдобриот начин да се дојде таму?

Предноста на NetSuite е неговата поставеност во облак – значи дека сите податоци за вашата компанија се на едно место, достапни од секаде – сѐ што ви е потребно е да се логирате на платформата од својот интернет пребарувач или телефон, и да имате real-time пристап до сите податоци од вашата компанија.

NetSuite е развиен врз основа на работењето со илјадиници компании во различни индустрии, со што има стекнато основа и длабоко разбирање на глобалните бизниси во сите индустрии и многуте предизвици со кои се соочуваат.

NetSuite e прв и единствен Software-as-a-service бизнис софтвер кој ја опфаќа целокупната работа на една компанија.

Компаниите го користат NetSuite софтверот за управување со своите ресурси (ERP) и управување со залихи, за да ги следат своите финансии, да лансираат интернет продавници за е-трговија, како и за следење и одржување на врските со своите потрошувачи (CRM). Флексибилноста на оваа платформа овозможува таа да се прилагоди на потребите на различни претпријатија.

За да започнете со работа во NetSuite софтверот во облак не се потребни дополнителни инвестиции во хардвер, немате дополнителни трошоци за одржување на хардверот и софтверот, ниту пак комплицирани инсталации и подесувања.

Сѐпоголем број на претпријатија започнуваат со имплементација на софтверски решенија во облак, со цел да ги намалат оперативните трошоци и да ја зајакнат својата конкурентска предност.

Закажете демо тука за да дознаете кои се придобивките од користењето на NetSuite.