РСМ Македонија
Languages

Languages

Ревизија во согласност со МСР

Контактирајте нѐ на contact@rsmmk.mk, или на +389 (0) 2 3233 301.

Ревизија на финансиски извештаи

Основна дејност на РСМ Македонија е ревизија на финансиски извештаи. Ја обезбедуваме оваа услуга за различни видови на организации. Нашиот тим има комбинирано искуство од многу различни индустрии и типови на организациии. Од мали до големи, од услужни до производни, јавни и приватни, ние можеме да Ве услужиме со највисок квалитет и знаење.

Ревизија на усогласноста на постапките

РСМ Македонија врши и посебни договорни ревизорски услуги, како што се ревизија и контрола на финансиски извештаи, извештаи на усогласеност, итн. за трговски друштва и други правни лица.

Ревизија на работењето

Нудиме ревизија на финансиски извештаи и консолидирани финансиски извештаи на компании, осигурителни компании, невладини и непрофитни организации, финансиски институции, јавни друштва и институции,  ревизија на проекти.

ISA - Меѓународни стандарди за ревизија

Во нашето работење се водиме според Меѓународните стандарди за ревизија (МСР / ISA) објавени од страна на Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ / IAASB) во склоп на Меѓународната федерација на сметководители (МФС / IFAC).

IFAC ISRS 4400 - Меѓународни стандарди за поврзани услуги

Воедно, имаме акумулирано знаење и обемно искуство со ревизија на проекти и програми финансирани од страна на домашни и странски донатори, а во согласност со меѓународниот стандард за поврзани услуги МСПУ 4400 (ISRS 4400).

How can we help you?

Contact us by phone +389 (0) 2 3233 301/302 or submit your questions, comments, or proposal requests.

Email us