Во  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.74/2020 од ден 23.03.2020 година објавена е

Одлука за измени и дополнувања на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.

 

Со Одлуката се забранува движење на населението во временски период од 21:00-05:00 часот со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19 и заштита на населението на Република Северна Македонија.

Исто така, од страна на Владата на Република Северна Македонија пропишан е образецот за издавање на Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.

  • Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата.
  • Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.
  • За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, потребно е образецот да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Согласно член 127 од Законот за работните односи, работодавачот кој ктоисти работници за ноќна смена во ноќна смена меѓу 22:00 часот и 06:00 часот, должен е да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд).

 

Што е потребно да преземете од Ваша страна?

Би сакале да Ве информираме дека заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес и организацијата на работата на Вашата компанијата во смени и ноќна работа во услови на воведен полициски час потребно е да ја издадете дозволa на сите вработени кои ги извршуваат своите работни задачи во смена.

 

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик.  ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.