Во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 97/2020 од ден 09.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за изменување на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот  COVID – 19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Со оваа уредба се менуваат некои услови и ограничувања кои претходно беа пропишани во Уредбата објавена во Службен весник 93/2020 од ден 07.04.2020 година.

Во продолжение се измените на Уредбата со законска сила.

Финансиска поддршка за исплата на платите може да користи (првичната Уредба ги имаше изземено овие лица):

  • Сопственик/основач на работодавачот-барател на финансиска поддршка, управител, прокурист, односно застапник по закон и членовите на органите на управување и надзор на работодавачот-барател на финансиска поддршка,

За користење на финансиската поддршка, работодавачот-барател на финансиска поддршка треба да ја исполни следната обврска:

  • Работодавачот кој користел финансиска поддршка за исплата на плати има обврска да го задржи истиот број на вработени што го имал за месецот за кој побарал финансиска поддршка за исплата на платите, намален за бројот на вработени заради пензионирање или смрт на работник, два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година). (првична Уредба: четири месеци после нејзиното престанување, заклучно со месец септември 2020 година)

Освен овие измени, се друго што беше претходно уредено како условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор заради исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година, останува непроменето.

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик. ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.