Ева Велкова
Соработник за правни работи, ЧР и деловен развој

ЗА ЕВА

Ева Велкова е соработник за човечки ресурси во РСМ Македонија. Нејзиното професионално искуство во областа на човечките ресурси започнува во 2024 година, кога се приклучува кон тимот на компанијата.

Работата на Ева опфаќа широк спектар на активности поврзани со управување со човечки ресурси – од процеси на регрутација и селекција, до целосна административна поддршка за вработените, обуки за вработените, како и поддршка на развој на вработените.

Таа игра клучна улога во одржувањето на точноста и ажурноста на евиденцијата за човечки ресурси, како и во обезбедувањето усогласеност со интерните политики и законската регулатива. Со својата посветеност, одговорност и внимание на деталите, Ева придонесува кон ефикасно функционирање на човечките ресурси и поддршка на позитивната организациска култура во компанијата.

Позиции

  • Соработник за човечки ресурси, РСМ Македонија

Квалификации 

  • Дипломиран психолог – Институт за психологија, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2021)