Ние сме тим на професионалци посветени на ИТ ревизија која гради доверба и обезбедува сигурност во управувањето со информациските системи. РСМ Македонија повеќе од 20 години обезбедува ревизорски услуги за компании од различни индустрии и големини, комбинирајќи глобално знаење и локално искуство. Нашата цел е навремено препознавање на ИТ ризиците и обезбедување стабилна основа за раст и дигитален развој на бизнисите.
ИТ Ревизија
Во технолошка средина која постојно се менува, компаниите се соочуваат со дигитализација и автоматизација. Во тој процес, честопати недоволно внимание се дава на ризикот поврзан со имплементацијата на ИТ системи и дигитално зајакнатите процеси. Соодветно изменаџиран и безбеден тек на податоците и нивното складирање можат да бидат суштински во опстојувањето и континуитетот на целата организација.
ИТ ревизијата не е само техничка проверка, туку деловна потреба. Со неа компаниите добиваат јасна слика за тоа дали нивните системи се отпорни на сајбер закани, дали контролните механизми функционираат и дали податоците се соодветно заштитени. Нашиот тим комбинира експертиза од финансиски ревизии со специјализирани ИТ знаења, што ни овозможува да понудиме сеопфатен увид.
Ние во РСМ целиме кон тоа да бидеме предводници на технолошкиот напредок во информатичка безбедност и менаџмент. Нашите консултанти ќе ви дадат значаен увид или ќе ви го обезбедат многу потребниот надзор на вашите имплементирани системи, процеси и контроли.
Наши ИТ ревизорски услуги вклучуваат:
- ИТ Ревизија (CISA сертифицирани ревизори)
- Оценување на нивото на сајбер безбедноста во организацијата
- Пенетрациско тестирање и оценка на ранливости на системите
- Развој на процедури за информациска безбедност
- Бизнис континуитет и планирање за опоравување од катастрофи на ИТ системи
- Советување во процесот на стекнување, развој и имплементација
ИТ ревизијата им овозможува на организациите да ја изградат довербата кај своите клиенти, партнери и инвеститори, бидејќи покажуваат дека безбедноста и усогласеноста се нивен приоритет. Во ера на зголемени сајбер-напади и дигитални трансформации, ова е суштински предуслов за стабилен раст.