Нашиот тим обезбедува независни и објективни процени и вештачења кои градат доверба и поддржуваат сигурни деловни одлуки. Со повеќе од 20 години искуство, комбинираме глобални стандарди и локално знаење за да ви обезбедиме точни и транспарентни резултати.
Процени
Нашиот тим на овластени проценувачи работи во согласност со законската регулатива како и највисоките меѓународни стандарди - IVSC (International Valuation Standards Council) и TEGoVA (The European Group of Valuers' Associations) во постапката на утврдување на фер, пазарна вредност на предметот на процена.
Обезбедуваме професионални и независни процени во следниве области:
- Недвижен имот (станбени, деловни, индустриски)
- Подвижен имот и транспортни средства
- Машини, постројки и опрема
- Земјоделство
Вештачења
РСМ Македонија нуди и експертски вештачења во областа на материјалното и финансиското работење за потребите на судски постапки, управни органи или арбитражи.
Овластените судски вештаци на РСМ Македонија изготвуваат мислења со целосна објективност и професионална тежина, прифатени од надлежните институции.