Трансферни цени
Во глобалната економија, трансферните цени претставуваат една од најважните области во која компаниите мора да обезбедат усогласеност, транспарентност и стабилност во работењето. Компаниите кои имаат трансакции со поврзани лица се соочуваат со зголемени барања од даночните органи и потреба за прецизна документација, која ќе покаже дека условите се поставени според принципот на независен пазар.
Нашиот тим во РСМ Македонија има долгогодишно искуство во помош и советување во областа на трансферните цени, како и изработка на документација за трансферни цени. Комбинираме локално знаење и меѓународна експертиза, што им овозможува на нашите клиенти да се чувствуваат сигурни дека се усогласени со даночните регулативи.
Наши услуги опфаќаат:
- Подготовка на трансферна документација
- Анализа на трансакции со поврзани лица и идентификување на ризици
- Советување при дефинирање и структуирање на договори и трансакции
- Поддршка при даночни контроли и застапување пред институциите
Со овој пристап, клиентите не добиваат само извештај за исполнување на регулаторните барања, туку и јасна стратегија за управување со даночните ризици, подобра предвидливост и доверба во односите со даночните органи. Нашата работа е препознаена и усогласена и на локално и на меѓународно ниво, благодарение на глобалната мрежа на РСМ присутна во повеќе од 120 држави.