Ние сме тим на професионалци посветени на ревизија која гради доверба и обезбедува транспарентност. РСМ Македонија повеќе од 20 години обезбедува ревизорски услуги за компании од различни индустрии и големини, комбинирајќи глобално знаење и локално искуство. Нашата цел е навремено идентификување на ризиците и создавање стабилна основа за раст и развој на бизнисите.
Ревизија
Луѓето се онолку добри колку и алатките што ги поседуваат. Затоа, за постојано да даваме високо квалитетни ревизорски услуги, секогаш инвестираме во иновативни ревизорски методи. Ги следиме најновите трендови за да можеме да ги проследиме најновите достигнувања и да ги споделуваме во нашата мрежа. Постојано внимавање на можните ризици е секогаш на прво место. Заради тоа посветуваме значително внимание и ресурси за да бидеме сигурни дека нашите методи се во согласност со Меѓународните стандарди за ревизија.
Ревизијата не ја гледаме како формалност или законска обврска - туку како алатка за зајакнување на довербата, подобрување на транспарентноста и обезбедување сигурна основа за идни деловни одлуки. Нашиот пристап комбинира глобално искуство и локално знаење, овозможувајќи им на компаниите да ги препознаат ризиците навремено и да креираат одржливи стратегии за раст.
Основна дејност на РСМ Македонија е ревизија на финансиски извештаи. Ја обезбедуваме оваа услуга за различни видови на организации. Нашиот тим има комбинирано искуство од многу различни индустрии и типови на организациии. Од мали до големи, од услужни до производни, јавни и приватни, ние можеме да Ве услужиме со највисок квалитет и знаење.
Преку ревизијата им помагаме на компаниите да ја потврдат усогласеноста со законската регулатива, но и со внатрешните процедури и политики. Ова е особено важно за организации кои работат во регулирани индустрии (банкарство, осигурување, фармација, енергетика).
Покрај законски обврзувачките ревизии, подготвени сме да одговориме и на специфични барања од инвеститори, банки или регулатори. Со тоа, ревизијата станува не само потврда на точноста на бројките, туку и дополнителен извор на сигурност за сите засегнати страни.
Нашите услуги ја надминуваат традиционалната ревизија и обезбедуваат дополнителна вредност за организациите кои се дел од меѓународни програми или управуваат со средства од донатори.