Во време на експлозија на податоци и постојан деловен притисок, организациите се соочуваат со сè поголем предизвик: како да обработат огромни количини различни и често неструктурирани податоци во екстремно кратки рокови. Оваа комбинација не само што ја зголемува комплексноста на задачите, туку создава и уникатни можности за технолошки напредок, професионален раст и успешни корпоративни приказни.
Два клучни профили на пазарот на труд
Во светот во кој барањата се сè поголеми, а роковите – екстремно кратки, сепак постојат лица што успеваат да ги исполнат сите обврски навремено, со прецизност и брзина и нив може да ги наречеме – волшебници:
- платопресметувачи (позиција која во Националната класификација на занимања на Македонија е именувана како Книговодител за пресметка на плата),
- администратори/обработувачи на податоци.
Иако работата на двата профили е слична и се состои од постојана работа со табели, формули, рокови и податоци, резултатот од истата е наменет за различни крајни корисници. Кај работата на платопресметувачите, крајни корисници се вработените, државата и сопственикот, додека кај обработувачите на податоци - тоа се интерните сектори: финансии, HR, контролинг, аналитика.
Во најинтересните ситуации, овие две улоги се спојуваат: обработка на огромни податочни сетови за краен резултат - точно пресметана и исплатена плата.
Зошто пресметката на плати е „невидливо“ сложена?
Однадвор, пресметката на плати може да изгледа едноставно: се исплаќа договорената плата и процесот е завршен. Но, ваков идеален случај ретко постои на пазарот на труд. Наместо тоа, реалноста вклучува:
- сменска работа,
- прекувремени,
- ноќни смени,
- саботни смени,
- отсуства,
- бонуси и казни,
- транспортни трошоци,
- различни договорни модели.
Тука почнуваат најголемите предизвици: масивни податочни сетови + кратки рокови + строги законски барања.
Притисокот од роковите: „сѐ ми треба за завчера“

Пресметката на плати речиси секогаш се одвива во екстремно краток временски период. Тимовите работат под паралелен притисок од:
- менаџмент и други сектори од компанијата,
- државни институции (рокови за пријави и извештаи),
- вработени (очекувања за транспарентност и точност),
- промени на закони и подзаконски акти.
Една грешка може да резултира со:
- казни,
- ревизии,
- незадоволни вработени,
- нарушена доверба.
Кога платата е точна, тоа се подразбира, а ако се појави грешка, тимот за плати најчесто прв го презема товарот да ја коригира и објасни.
Невидливата сложеност зад податоците
Во огромен број компании, податоците што влијаат врз плати пристигнуваат во различни формати:
- Excel табели,
- ERP системи,
- временски евиденции,
- скенирани документи,
- слики од телефони,
- е-mail одобренија,
- текстуални документи,
- пораки со прекари наместо имиња.
Ретки се ситуациите кога податоците пристигнуваат „чисти“. Затоа најтешкиот дел е data cleaning - чистење, трансформација и интеграција на податоците, обично под временски стрес.
Пример: фабрика со 400 вработени може да генерира над 100.000 записи месечно само од смени, паузи и прекувремени. Ова е веќе аналитички процес, а не административен.
Пандемијата: момент кога кризата создаде најдобри приказни
За време на пандемијата, оваа професија беше под непредвидлив притисок. Владините мерки, субвенции, минимални плати и процедури се менуваа буквално од ден за ден. Компаниите мораа:
- да внесуваат нови формули и поставување во системите,
- да применуваат нови регулативи,
- да доставуваат извештаи во рок од 24-48 часа.
Тимовите што успеаја - ја освоија довербата.
Ова беа приказни за:
- организација,
- автоматизација,
- меѓусекторска соработка,
- човечка дисциплина.
Вистинска демонстрација дека кратките рокови можат да создадат најдобри резултати.
Технологијата како критичен партнер
Современата пресметка на плати сè повеќе се потпира на:
- автоматизација,
- ERP системи,
- HRIS платформи,
- машинско учење,
- алгоритми за категоризација,
- динамички dashboards.
Компаниите се движат од:
- од рачни Excel табели кон автоматизирани системи
- од статични извештаи кон динамички визуелизации
- од е-mail одобренија кон workflow процеси
Но, човечкиот фактор не исчезнува - тој станува супервизор на автоматизацијата.
Практични препораки за висока успешност
Успешните тимови инвестираат во:
- редовна едукација (законски измени, обуки, вебинари),
- софтверски решенија за автоматизација,
- документирани процеси кои намалуваат зависност од поединци,
- меѓусекторска комуникација (HR - финансии - менаџмент),
- контролни механизми за верификација на податоците.
Кога овие елементи се на место, пресметката на плати функционира како прецизна машина.
Невидливата улога што ја држи организацијата стабилна
Кратките рокови и големите барања не се романтичен корпоративен мит - тие се реалност која бара:
- дисциплина,
- знаење,
- технологија,
- процеси,
- тимска работа.
Во светот на големи податочни сетови и чувствителни финансиски пресметки, секој месец е нов предизвик, a секоја точна исплата може да се смета за мала победа. А токму од тие победи се создаваат најдобрите приказни - тивки, но суштински за функционирањето на организациите.
Тимот за пресметка на плати не е техничка поддршка. Тој е критична карика која:
- Гарантира правичност, обезбедува доверба и ја чува мотивацијата на вработените – секоја исплатна листа е еден вид на ветување. Точноста и навременоста ја зајакнуваат довербата на вработените кон организацијата. Грешките покрај тоа што создаваат дополнителна работа – создаваат и сомнеж, неангажираност и одливи на кадар.
- Овозможнува континуитет на работните процеси и ја одржува организацијата стабилна – Ненавремената исплата на плати или грешки во пресметка често резултираат со намалена продуктивност и можни прекини во работењето поради незадоволство кај вработените. Во индустриите каде процесот зависи од трудот, прекинот или грешките во пресметка на плати се исто толку значајни колку и прекин во системите или прекин во работата на машините на една фабрика. Сепак, отпорноста на платниот процес ретко се планира или финансира како другите критични услуги.
- Го поддржува донесувањето на одлуки на менаџментот - Платниот процес е еден од најбогатите извори на речиси реалновременски податоци за работната сила. Кога се третира како процесор на трансакции наместо како податочно средство, лидерите ја губат прегледноста врз трошоците за труд, ризиците и однесувањата - токму таму каде што притисокот е најголем.
Со правилна поддршка, оваа улога може да се издигне од „невидлива“ до стратешки значајна - таму каде што одамна ѝ е местото.
Објавените содржини, фотографии и видеа се во сопственост на РСМ Македонија и се заштитени согласно Законот за авторското право и сродните права и Законот за заштита на личните податоци. Секое неовластено преземање, репродукција, пренос или злоупотреба претставува повреда на правата и подлежи на санкции согласно важечките закони.