Зајакнување на вашата иднина

E-commerce не е само дополнителен канал за продажба, туку важен дел од современото деловно работење. Со соодветно решение, компаниите можат да им понудат подобро искуство на своите купувачи, поедноставно да управуваат со продажбата и да создадат нови можности за раст.
РСМ ИТ Македонија нуди развој и имплементација на E-commerce решенија приспособени на потребите на вашиот бизнис. Ги поврзуваме технологијата и деловните процеси за да создадеме сигурен, функционален и едноставен канал за онлајн продажба.

Како можеме да ви помогнеме?

Нашите E-commerce решенија може да опфатат:

Стратегија и планирање

  • Анализа на вашите деловни потреби и цели
  • Дефинирање модел за онлајн продажба
  • Планирање на корисничкото искуство
  • Избор на соодветно технолошко решение

E-commerce платформа

  • Дизајн и развој на продажен портал
  • Приспособување за компјутери, таблети и мобилни уреди
  • Управување со производи, категории и цени
  • Следење на залихите и достапноста на производите
  • Кошничка и едноставен процес на нарачка

Плаќање и интеграции

  • Интеграција со системи за електронско плаќање
  • Поврзување со сметководствени и ERP-системи
  • Автоматско креирање на нарачки и фактури
  • Интеграција со надворешни системи и деловни партнери

Управување и поддршка

  • Следење на нарачките и продажбата
  • Извештаи и преглед на клучните деловни податоци
  • Техничка поддршка и одржување
  • Понатамошно надградување на решението

Image removed.

Решение што расте заедно со вашиот бизнис

Секој бизнис има различни производи, процеси и купувачи. Затоа, решението го приспособуваме на вашите моментални потреби, со можност за понатамошно проширување и надградување.
Без разлика дали започнувате со онлајн продажба или сакате да го унапредите постојното решение, нашиот тим ќе ви помогне да изградите стабилна и функционална E-commerce платформа која го подобрува искуството на купувачите и го поедноставува секојдневното работење.

Контактирајте нѐ на contact@rsm.mk, или на +389 (0) 2 3233 301.

Доколку не сте во можност да ни пратите email порака или да не контактирате по телефон, со пополнување на контакт формата подолу ќе стапиме во контакт со Вас.