Македонија
Languages

Languages

Асистент во секторот за пресметка на плата и Помошник ревизор

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за две (2) работни места: „Асистент за пресметка на плата и Помошник ревизор за канцеларија во Скопје:

Опис на работно место: 

 1. Асистент во секторот за пресметка на плата

            Вработениот ќе ги има следниве работни задачи:

  • Изготвува пресметки за плата и извештаи врз основа на добиени месечни варијабилни податоци

  • Води евиденција и поднесува обрасци за здравствено осигурување и обезбедува здравствени картони за вработените на клиентот;
  • Води евиденција и врши пријавување и одјавување на вработени на клиентот во Агенцијата за вработување;
  • Води евиденција и врши пријавување/одјавување односно регистрации во други државни институции;
  • Води евиденција за боледувањата на вработените на клиентот и врши поднесување на документи за боледување на вработени до Фондот за здравствено осигурување;

 

Критериуми за работно место бр.1:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование;
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Добри познавања од областа на ИТ;
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности;
  • Уредност;
  • Одговорност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став.

 

2. „Помошник ревизор без работно искуство“

Вработениот на ова работно место ќе ги има следниве работни задачи:

  • Помага во вршење на активностите на ревизијата, извршувањето независни, објективни уверувања и советодавни активности,
  • имплементација на политиките, упатствата и процедурите за спроведување на ревизија на процесите и други редовни операции;
  • Извршува целосни ревизорски тестирања, подготвува работни документи за соодветно архивиран и поддржан процес на ревизија, тестирање и добиени резултати;
  • Известува за сите наоди во врска со предметот на ревизија,
  • Ги следи  и почитува прописите и работните постапки, како и информациите и документацијата обезбедена од страна на управителот;
  • врши и други работи поврзани со спроведувањето на ревизијата.

Критериуми за работно место бр.2:

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности, уредност, одговорност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став;

Вашите професионални биографии како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [email protected] со задолжителна назнака за која работна позиција аплицирате „За работно место: 1. Асистент за пресметка на плати без работно искуство“ или 2. Помошник ревизор без работно искуство

Датум на огласот: 03.12.2019

Прием на апликации до:13.12.2019

Огласот трае до 13.12.2019 година, а изборот ќе се изврши преку претходно тестирање, во определен рок согласно бројот на пријавени кандидати како и Законот за работни односи на Република Северна Македонија.

• САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

• РСМ е секогаш отворен за соработка со млади и вредни ентузијасти, кои сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

 

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул. „Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје

 Контакт телефон: +38923233301

Office information

Главна канцеларија

Даме Груев 8, 1000 Скопје, Р. Македонија