Македонија
Languages

Languages

Сметководител - раководител на тим

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место: Сметководител - раководител на тим за канцеларија во Скопје:

Опис на работно место

Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:

  • Одговорен за иницијалната комуникација со новиот клиент во процесот на преземање/започнување на сметководство;
  • Врши мониторинг и контрола на работата на вработените во секторот и генерално на процесот на сметководство;
  • Донесува одлуки за специфични прашања поврзани со работата;

Критериуми за работно место

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Високо образование – Економски факултет;
  • Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
  • Работно искуство од минимум 5 години;
  • Добро познавање на работа со сметководствени програми;
  • Владеење на странски јазик – англиски;
  • Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
  • Умешност да се работи со голем обем на информации;
  • Работа во куси временски рокови;
  • Исполнителност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Одговорна и лојална личност;
  • Позитивен став.

 

Вашата професионална биографија и мотивационо писмо, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование или дополнителни сертификати и уверенија можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [email protected] со задолжителна назнака „За работно место: Сметководител - раководител на тим

Датум на огласот: 20.2.2019

Прием на апликации до: 20.3.2019

Огласот трае до 20.3.2019, а изборот ќе се изврши во рок од 30 работни дена по истекот на рокот за пријавување.

  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

 

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје

Ул.„Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје

 Контакт телефон: +38923233301

 

Office information

Главна канцеларија

Даме Груев 8, 1000 Скопје, Р. Македонија