Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место: Специјалист за пресметка на плати за канцеларија во Скопје:
Опис на работно место
Вработениот ќе ги има следниве работни одговорности:
- Прави подготовка и контрола на добиени основни податоци за вработените од Асистентот и клиентот;
- Изработува пресметка врз основа на добиените податоци за пресметка на плата;
- Изработка на извештаи за пресметката и доставување до клиентот;
- Изработка на месечна декларација и годишен извештај и нивно доставување до Управата за јавни приходи;
- Комуницира со клиентот за прашања поврзани со добиените податоци и пресметката на плата;
- Помага во процеси поврзани со ИТ;
Критериуми за работно место
Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:
- Високо образование;
- Добро познавање на MS Office, посебно на MS Excel;
- Добри познавања од областа на ИТ;
- Владеење на странски јазик – англиски;
- Добри аналитички способности;
- Уредност;
- Одговорност;
- Умешност да се работи со голем обем на информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Исполнителност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност;
- Позитивен став.
Добра ИТ подготвеност и искуство од областа на пресметка на плати, ќе се смета за предност.
Вашата професионална биографија и мотивационо писмо, како и копија од уверение и/или диплома за завршено високо образование можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [email protected] со задолжителна назнака „За работно место: Специјалист за пресметка на плати“
Датум на огласот: 20.2.2018
Прием на апликации до: 20.3.2018
Огласот трае до 20.03.2018 година, а изборот ќе се изврши во рок од 30 работни дена по истекот на рокот за пријавување.
- САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје
Ул.„Даме Груев“ бр.8, Дом на воени инвалиди, 5-ти кат, Скопје
Контакт телефон: +38923233301