Се изнајмува канцелариски простор во новоизградена деловна зграда во Центар - Скопје, на ул. Орце Николов бр. 64. Локацијата се наоѓа помеѓу Соборниот храм и Владата, во дел од градот кој е познат по својата деловна активност и одлична пристапност.
Објектот е самостоен и располага со вкупна површина од 464 m², распределена на приземје, четири канцелариски нивоа и подрум. Секој кат е опремен со кујна, два тоалети, тераса, зградата е целосно климатизирана со Тошиба единици од висока класа, има лифт со пристап до сите катови, сервер соба и спроведена Лан мрежа до сите канцеларии.
Просторот овозможува организирање на канцеларии, работни простории или седиште на компанија во централното градско подрачје, во непосредна близина на институции, деловни субјекти и главни градски комуникации.
Дел од фотографиите се рендери и се прикажани за илустративни цели.
За повеќе информации: Војдан – 070 350 620





Можеби ќе ве интересира:
- Канцелариски простор во Порта Супериум - Аеродром, непосредно до центарот на градот