Во Службен весник на Република Северна Македонија бр. 59 од 22.03.2026 година е објавена Одлука на Владата за прогласување на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на РСМ. Согласно Одлуката се воведува повластена стапка на ДДВ од 10% за промет на енергенси (горива).
Оваа мерка ќе се применува во периодот од 24 март 2026 (00:01 часот) до 6 април 2026 (24:00
часот).
Сите даночни обврзници кои вршат трговија на мало со моторни горива и мазива се должни
навремено да извршат усогласување согласно тарифникот од одлуката, односно:

  • да ги прилагодат фискалните системи
  • да ги ажурираат ценовниците
  • да обезбедат правилно фактурирање

Ве информираме дека Управата за јавни приходи најави засилени контроли за проверка на
усогласеноста. За евентуални неправилности ќе бидат преземени соодветни законски мерки.