Согласно основните одредби од уставот на Република Северна Македонија член 125 и член 126, Претседателот донесе Одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија заради спречување на ширење и справување со вирусот COVID-19 (коронавирус).

Би сакале да Ве информираме дека Владата на Република Северна Македонија објави пакет мерки за поддршка на бизнис секторот во насока на намалување на економската штета предизвикана со  прогласување на пандемија на коронавирусот - COVID-19.

Поддршка за компаниите во делот на исплата на плати                                                                                                                    

Владата на Република Северна Македонија донесе мерка за:

  • Субвeнционирање на придонесите на платите во секторите туризам, транспорт, угостителство и други компании погодени од мерките на Владата за април, мај и јуни, во висина од 50 проценти од придонесите, за исплатена просечна плата во 2019 година.

Условите за користење на оваа мерка се следните:

  • Компанијата да не го намали бројот на вработени во однос на оној број што го имала во февруари 2020 година  и ова да важи од денот на користење на мерката;
  • Компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односно финансиски извештаи за 2020 година;
  • Компанијата да нема исплатено награди и бонуси по влегување во сила на мерката.

*Компаниите кои што ќе остварат добивка како финансиски резултат од работењето во 2020 година, ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50 проценти од добивката пред оданочување. Што значи дека мерката директно е насочена да им помогне на компаниите што оствариле послаби финансиски резултати во 2020 поради коронавирусот.

Во наредниот период очекуваме да се дефинира постапката по која ќе се реализираат донесените пакет мерки и за истата навремено ќе бидете известени.

Дополнително, би сакале да Ве информираме дека Управата за јавни приходи нема да презема никакви дополнителни мерки и да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП. Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија.

 

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик.  ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.ади спречување на ширење и справување со коронавирус.