Елена Стоименова
Постар соработник во ИТ и процесирање на податоци

ЗА ЕЛЕНА

Елена Стоименова е Постар соработник во ИТ и процесирање на податоци во РСМ ИТ Македонија. Професионалното искуство на Елена во областа на пресметката на плати, обработката на податоци и подготовката на извештаи започнува во 2024 година, кога се приклучува во тимот на компанијата.

Елена има значајно искуство во управувањето со процесите на обработка и исплата на плати за компании од различни индустриски сектори. Како Постар соработник во ИТ и процесирање на податоци, таа е одговорна за обработката на податоци при пресметката на месечните плати, како и за управувањето со системите за обработка на плати, обезбедувајќи точност и ефикасност на целиот процес.

Во својата улога, Елена активно соработува со вработените, финансиските и HR тимови, со цел да се осигури дека процесот на исплата на плати е брз, точен и без грешки. Нејзината посветеност и внимание на деталите се основа за обезбедување на висококвалитетни услуги кои се фокусирани на потребите на клиентите.

Позиции

  • Постар соработник во ИТ и процесирање на податоци, РСМ ИТ Македонија

Квалификации

  • Дипломиран социјален работник – Институт за социјална работа и социјална политика, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2010)