Стефан Николоски, M-р по Економија, CISA
Партнер во ИТ и процесирање на податоци
ЗА СТЕФАН
Стефан Николоски е партнер и раководител на сектор ИТ и процесирање на податоци во РСМ Македонија, а на тимот на РСМ се приклучува во 2013 година.
Стефан има стекнато професионално искуство во ревизија на информациски системи, ИТ администрација, имплементација на системи, оптимизација на деловни процеси, дигитализација, автоматизација и развој на решенија за пресметка на плати и ИТ консалтинг. Тој исто така има активно учество во имплементацијата на ISO 27001 стандардот во рамки на организацијата.
Во текот на својата кариера, Стефан развива технички вештини за скриптирање и модулско програмирање во Python, пишување MS SQL queries, развој на извештаи во SSRS, no-code развој со blueprints, како и во областа на информациска безбедност, користејќи алатки како Kali Linux и Nessus.
Позиции
- Управител, РСМ ИТ Македонија
Асоцијации
- Член на ISACA - Information Systems Audit and Control Association
Регистрации
- Certified Information Systems Auditor (CISA) - ISACA
- Certified ISO 27001:2022 Lead/External Auditor
- Овластен сметководител - Институт за сметководители и овластени сметководители
- Овластен проценител за машини и опрема
- Microsoft Certified IT Professional (MCSA): Server Administrator on Windows Server 2008
Квалификации
- Магистер по економија - Европски студии, Економски факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (2013)
- Дипломиран економист - Менаџмент, Економски факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје (2010)
- Овластен ревизор на информациски системи (CISA)
- Овластен сметководител
- Овластен проценител за машини и опрема