Марта Хаџиевска
Контролор и надзорник во ревизија

ЗА МАРТА
Марта Хаџиевска е контролор и надзорник во ревизија во РСМ Македонија, со кариера која ја започна во 2020 година.
Марта поседува значајно искуство во областа на ревизијата на финансиски извештаи на јавни и приватни компании изготвени во согласност со МСФИ. Во текот на годините, таа опслужува клиенти од енергетиката, финансиите, производството, приватниот капитал, невладините организации (НВО), недвижностите и градежништвото, трговијата на мало и производите за широка потрошувачка, со што стекнува поголема експертиза во овие сектори.
Во рамките на својата улога, одговорна е за планирање и спроведување на ревизорските активности, надзор и обука на помлади колеги како и подготовка и преглед на ревизорски досиеја и извештаи. Активно комуницира со клиентите и обезбедува усогласеност со меѓународните стандарди со цел да обезбеди висок квалитет на извршената работа.
Марта исто така е одговорна за координација на активностите поврзани со подготовка на извештаите за трансферни цени, обезбедувајќи нивна точност и усогласеност со регулативата.
Позиции
- Контролор и надзорник во ревизија, РСМ Македонија
Регистрации
- Сметководител (Институт за сметководители и овластени сметководители)
Квалификации
- Дипломиран економист – Сметководство и ревизија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2020)
- Магистер по економија – Трансферни цени, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2023)
- Сметководител (2022)
- Во тек: ACCA квалификација