Јаглика Јорданова Андријеска, CA, ACCA, М-р по Фин.менаџмент

Јаглика Јорданова Андријеска е Извршен директор и Управувачки партнер на РСМ Македонија. Таа е Овластен ревизор, има ACCA сертификат и е Магистер по економија - Финансиски менаџмент. Таа има над 13 години искуство во ревизија, сметководство, даночен консалтинг за клиенти од различна големина и индустрија, даночен консалтинг за поголеми меѓународни клиенти, подготовка на завршни сметки и финансиско известување, подготовка и обработка на плати, итн. Во нејзниното досегашно искуство, Јаглика управувала со бројни проекти за ревизија и уверување во Македонија за различни клиенти од различни бизниси, како што се банкарството, малопродажбата, производството на големо и секторот за образование. Таа има работено со клиенти од државниот сектор, јавни и приватни компании и невладини организации. Таа има искуство во управување со тимови за ревизија и сметководство, доставување сложени проекти и обезбедување проактивност и иновативност во компанијата.