Јованка Чикова
Менаџер во ИТ и обработка на податоци

ЗА ЈОВАНКА
Јованка Чикова е менаџер на секторот за ИТ и обработка на податоци во РСМ ИТ Македонија ДООЕЛ Скопје, дел од друштвото за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје. Таа ја започна својата кариера во компанијата во 2015 година како практикант за пресметка на плати, а со континуиран професионален развој и посветеност напредуваше до својата сегашна менаџерска позиција.
Јованка е овластен сметководител со значително професионално искуство во:
- подготовка и известување за плати,
- сметководство и ревизија на плати,
- усогласеност со GDPR,
- имплементација на системи за пресметка на плати,
- имплементација на ISO 27001 во организациски рамки.
Во рамките на својата менаџерска улога, таа е целосно вклучена во развојот и унапредувањето на системот за пресметка на плати Payrun, развиен од РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје. Соработува со широк спектар на клиенти – од мали и средни, до големи компании од различни индустрии, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар.
Позиции
- Менаџер на сектор за ИТ и обработка на податоци, РСМ ИТ Македонија
Регистрации
- Овластен сметководител (Институт за сметководители и овластени сметководители)
Квалификации
- Дипломиран економист – Е-Бизнис, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2013)
- Овластен сметководител (2018)