Марио Александар Младеновски
Координатор за правни работи, ЧР и деловен развој

ЗА МАРИО АЛЕКСАНДАР

Марио Александар Младеновски е координатор за правни работи, човечки ресурси и деловен развој во РСМ Македонија. Неговото професионално искуство во областа на правните работи и човечките ресурси започнува во 2018 година, кога се приклучува кон тимот на компанијата.

Работата на Марио Александар опфаќа широк спектар на активности поврзани со правните работи и е одговорен за правните задачи и ангажмани на компанијата. Тој е одговорен за прегледот и спроведувањето на кое било прашање во врска со правните услуги. Негова специјалност се деловно право, трудово право, законот за спречување на перење пари, корпоративно управување, заштита на лични податоци, регулаторна усогласеност итн. Обезбедува проактивни, длабински, правни, деловно насочени совети за бизнисот.

Со својата посветеност, одговорност и внимание на деталите, Марио Александар придонесува кон ефикасно и навремено спроведување и извршување на правните задачи во компанијата.

Позиции

  • Координатор за правни работи, човечки ресурси и деловен развој, РСМ Македонија

Квалификации

  • Магистер по интелектуална сопственост – Правен факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2020)
  • Положен правосуден испит
  • Положен стручен испит за застапник за индустриска сопственост