Петар Силјановски
Контролор и надзорник во сметководство и даноци
ЗА ПЕТАР
Петар Силјановски е контролор и надзорник во сметководство и даноци во РСМ Македонија, со кариера која ја започна во 2019 година.
Петар поседува значително искуство во планирање и спроведување на сметководствени активности, даночна усогласеност и водење на тим. Одговорен е за контрола на книжењата, подготовка и проверка на финансиски и даночни извештаи, како и за комуникација со клиенти и институции.
Неговата работа опфаќа и анализа на финансиски податоци, координација и преглед на даночни постапки и обезбедување точност и усогласеност со МСФИ и локалните прописи. Петар активно учествува во дефинирање и подобрување на интерни процеси, со цел обезбедување висок квалитет на финансиското известување.
Дополнително, поседува искуство во процена на капитал, недвижен и подвижен имот, како и машини и опрема - што му овозможува целосно разбирање на финансиските и материјалните аспекти на работењето на компаниите.
Позиции
- Контролор и надзорник во сметководство и даноци, РСМ Македонија
Асоцијации
- Член на Association of Chartered Certified Accountants (ACCA)
Регистрации
- Овластен сметководител (Институт за сметководители и овластени сметководители)
Квалификации
- Дипломиран економист – Сметководство и ревизија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2020)
- Овластен сметководител (2023)
- Член на ACCA (2025)