Тања Шутарова
Соработник во сметководство и даноци

ЗА ТАЊА

Тања Шутарова е соработник во секторот за сметководство и даноци во РСМ Македонија и се приклучи на тимот во 2023 година.

Тања има повеќегодишно искуство во финансии и администрација, претежно стекнато во градежниот сектор, преку директна соработка со сметководството, особено во делот на книжење на фактурите. Ова претходно искуство ѝ овозможи стабилна основа за успешна работа во областа на сметководството.

Тања е одговорна за секојдневна комуникација и соработка со клиенти, претежно компании од областа на логистика и транспорт. Таа активно го користи деловниот софтвер Odoo, преку кој ги извршува своите сметководствени задачи.

Позиции

  • Соработник во сметководство и даноци, РСМ Македонија

Квалификации

  • Дипломиран економист - Меѓународна економија, Универзитет ,,Гоце Делчев”-Економски факултет, Штип (2012)