14 КОМПАНИИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРОГЛАСЕНИ ЗА НАЦИОНАЛНИ ШАМПИОНИ ПРИ ЕВРОПСКИТЕ БИЗНИС НАГРАДИ 2016/2017 СПОНЗОРИРАНИ ОД РСМ

 

РСМ честита за одличноста покажана во престижното доделување на награди

 

РСМ им честита на 14 компании од Република Македонија кои се прогласени за Национални шампиони при Европските бизнис награди, спонзорирани од РСМ, најголемиот бизнис натпревар во Европа поддржан од лидери во бизнисот, академици и политички претставници од цела Европа.

 

Европските бизнис награди, сега во својата десетта година, оваа година привлекоа преку 33.000 компании од 34 европски земји и компаниите Национални шампиони беа избрани по првиот круг на оценување.

 

Стојан Јорданов, управител на РСМ Македонија изјави: „Воодушевени сме од тоа што 14 компании од Република Македонија се признаени за нивниот успех. Тие навистина ги претставуваат квалитетот и иновациите кои нашата бизнис заедница може да ги понуди.“

 

Адриан Трип, извршен директор на Европските бизнис награди изјави: „Честитки до сите надарени бизниси кои беа избрани да ги претставуваат своите земји како национални шампиони. Тие се клучни за успехот на силната европска бизнис заедница, и ги прикажуваат основните принципи кои ги бараме, иновација, етика и успех.“

 

Следниот круг од натпреварувањето бара од националните шампиони да направат видео презентација прикажувајќи ја својата уникатна приказна и објаснувајќи го својот деловен успех. Независните судии од Европските бизнис награди ќе им доделат на најдобрите од оваа група статус ‘Ruban d’Honneur’ и избраните компании потоа ќе бидат дел од Церемонијата на доделување и Гала настанот во 2017 година.

 

Независно, при јавно гласање во две фази, видео презентациите ќе бидат објавени на веб страницата на Европските бизнис награди и компанијата што ќе добие најмногу гласови во својата земја ќе стане „Национален јавен шампион“. Минатата година преку 227.000 гласови беа доделени бидејќи компаниите имаа глобална поддршка од своите клиенти, вработени и врсници како и јавноста.

 

Листа на национални шампиони:

 

  • Стопанска банка АД Скопје
  • АСПЕКТ
  • Брансис
  • Дигитал Центар ДОО Скопје
  • Динерс Клуб Македонија
  • Камчев Консалтинг ДООЕЛ Скопје
  • Мелон Солушнс
  • НЛБ Банка АД Скопје
  • П.И.К.Ко ДООЕЛ
  • РАДЕ КОНЧАР - Трансформатори и електрични постројки-ТЕП ДООЕЛ Скопје
  • Скрин Медиа ДООЕЛ
  • Универзитет Југоисточна Европа
  • ТТК Банка АД Скопје
  • Везе Шари ДОО

 

РСМ е шестата најголема мрежа на независни компании од областа на ревизија, даночно советување и консалтинг во светот и ги поддржува Европските бизнис награди уште од самиот почеток. Основната цел на наградите е да го поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница ширум Европа.

 

Во натпреварувањето од 2015/16 година, беа претставени сите пазари на земјите-членки на Европската Унија, Турција, Норвешка, Швајцарија и Република Македонија. Нивните вкупни приходи надминуваат 1,2 билион евра и вработуваат повеќе од 2,5 милиони луѓе.

 

За повеќе информации за победниците, Европските бизнис награди и РСМ мрежата посетете не` на www.businessawardseurope.com или www.rsm.global и следете не` на twitter на @rsmEBA

 

За дополнителни информации за потребите на медиумите, Ве молиме контактирајте:

 

РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје

Адреса: Даме Груев бр. 8, 1000, Скопје

Тел. 02 3 233 301

е-пошта: [email protected]

веб страница: www.rsmmk.mk

 

Европски бизнис награди: Венеса Вуд +44(0) 796 6666 657 или

е-пошта [email protected]