gdpr_92_blue_to_accompany_press_release.png

92% од Европските бизниси не се подготвени за Општата регулатива за заштита на личните податоци

  • 28% не се запознаени со новата регулатива до која ќе треба да се придржуваат за помалку од една година
  • Повеќе од половина (51%) сметаат дека регулативата е премногу сложена за малите и средните претпријатија, но се согласни дека е неопходно зголемување на регулативата околу употребата на лични податоци

Бизнисите во Европа не се подготвени за Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), кој стапува на сила во Мај 2018 година, согласно новите истражувања спроведени за РСМ, 6-та најголема ревизорска, сметководствена и консултантска мрежа, од страна на Европските бизнис награди. Истражувањето, спроведено врз 400 успешни бизнис лидери во Европа, во кое беа прашани за нивната подготвеност за Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) и какво влијание ќе има новата Регулатива во нивното работење.

gdpr_28_green_to_accompany_press_release.png

На помалку од 12 месеци пред да стапи на сила новата регулатива, само 8% од бизнисите се подготвени за Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), и ги имаат направено потребните промени, со цел да бидат во согласност со регулативата. Дополнително, еден од четворица бизнис лидери (28%) не се ни свесни за регулативата на која ќе мора да се придржуваат. Додека загрижувачки, 26% од бизнис лидерите запознаени со нивната стратегија за Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), признаваат дека нивната организација нема да биде усогласена со регулативата во наведениот рок, мај 2018 година.

Бизнисите кои нема да успеат да се усогласат пред крајниот рок би можеле да се соочат со парични казни во висина од 4% од глобалниот промет или 20 милиони евра, во зависност кој износ е поголем.

Процесот на подготовка за Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) веќе влијае на деловните операции. Истражувањето нагласува дека загрижувачки број на бизниси за сметка на усогласувањето кратат од други области во работењето, вклучувајќи ги плановите за креирање иновативни нови производи (23%) или за зголемување на растот преку меѓународна експанзија (22%).

Џин Стивенс, главен извршен директор на РСМ, изјави: "За помалку од 7 месеци, бизнисите низ целиот континент ќе мора да се придржуваат до Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR). Забележавме пораст кај барањата на клиентите за консултантски услуги во насоки на усогласување со Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), при што од ова истражување е јасно дека многу бизниси не ги разбираат препреките што ќе треба да ги надминат пред истекот на рокот.

Бизнис лидерите треба да разберат дека оваа имплементација не е едноставна. Тие, најверојатно, ќе треба да воведат значајни промени што би можеле да влијаат на нивната организација во целина, па во таа насока што побрзо ќе почнат да се подготвуваат, толку подобро ".

Иако Република Македонија сеуште не е земја членка на Европската Унија, преку зголемениот територијален опсег, Општата регулатива за заштита на личните податоци ќе има влијание врз компаниите кои процесираат лични податоци на граѓани на Европската Унија. Затоа компаниите во Македонија ќе треба да бидат информирани дали кај себе обработуваат податоци на граѓани кои воедно се и граѓани на Европската Унија. Кај нас, Дирекцијата за заштита на лични податоци веќе има објавено предлог закон за заштита на личните податоци кој се базира на европската регулатива и со кој се планира да се замени во целост постојниот закон.”Стојан Јорданов, Управител – РСМ Македонија

gdpr_51_grey_to_accompany_press_release.png

 Сложеноста на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) почнува да им тежи на европските бизниси. Од оние што ја разгледуваат регулативата, 51% сметаат дека е премногу комплицирано за малите и средни претпријатија. Две од пет компании (41% од оние кои се вклучени или свесни за стратегијата на нивната организација) веруваат дека барањата на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) значително ќе ги зголеми нивните деловни трошоци, вклучувајќи ги и трошоците за консултантски услуги. Употребата на надворешна експертиза е сè поприсутна, односно 60% од бизнисите бараат надворешна помош за да го завршат усогласувањето пред крајниот рок во мај 2018 година.

И покрај комплексноста на регулативата, бизнисите ја поддржуваат неопходноста од Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR). Бизнис лидерите низ Европа ги поддржуваат промените, при што мнозинството (52%) се согласува дека е неоходно регулирање со цел следење на користењето на личните податоци.

Адриан Трипп, извршен директор на Европските бизнис награди, изјави: "Иако повеќето европски бизниси ја поддржуваат потребата од промени околу користењето на личните податоци, јасно е дека многу фирми ги сфаќаат барањата на Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) како предизвикувачки или воопшто и не се свесни за барањата кои што произлегуваат од регулативата. Со оглед на фактот дека часовникот отчукува, важно е овие бизниси да го прегледаат законодавството, да побараат помош доколку е потребно или да ризикуваат да се соочат со големи казни следната година. "

Европските бизнис награди се најголемото бизнис натпреварување помеѓу сектори во Европа. Неговата примарна цел е да го поддржи развојот на посилна и поуспешна деловна заедница.

RSM во моментов ги советува компаниите во однос на планирањето и усогласувањето со Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR). Информации може да се најдат на нашата веб-страница за Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) www.rsm.global/gdpr или фирмите можат директно да ги слушнат експертите со пријавување за вебинарот за Општата регулатива за заштита на личните податоци (GDPR) на 30 ноември 2017 година во 12:30 GMT.

За истражувањето

Истражувањето беше спроведено меѓу европските бизниси кои влегле во конкуренција на Европските бизнис награди, кои се спонзорирани од РСМ. Мнозинството анкетирани бизниси беа европските претпријатија од средниот пазар кои по дефиниција треба да бројат вработени во стотици или илјадници. Во примерокот се вклучени бизниси од Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Велика Британија, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Турција и други.