Македонија
Languages

Languages

Како РСМ Македонија може да му помогне на вашиот бизнис за време на COVID-19 кризата?

Организации од сите големини и индустрии во моментот се соочуваат со бројни предизвици предизвикани од вонредната состоба предизвикана од COVID-19.

РСМ Македонија може да ви помогне да се справите со настанатите промени нудејќи ви специјализирани услуги:

Правно советување и советување при прекин на работен процес

  • Промени во правната регулатива кои произлегуваат од мерките за справување со COVID-19 кои се однесуваат на работните односи;
  • Совети во врска со законските барања и последиците од регулативата и директивите за справување со кризата;
  • Совети за пристап до достапни мерки за финансирање, вклучително и иницијативи за финансирање спонзорирани од владиниот сектор.
  • Правна поддршка при прекин на работен процес поради виша сила (Vis Major);
  • Правна поддршка при прекин на работен процес поради деловни причини;
  • Правно советување за правата и обврските кои произллегуваат од прекинот на работниот процес (при подготовка на плати, даночен третман итн.);
  • Изготвување на акти поврзани со прекин на работниот процес (Одлука за прекин на работен процес поради виша сила, Одлука за прекин на работен процес поради деловни причини, Решение за отсуство од работа поради прекин на работен процес од деловни причини;
  • Навремено известување за законодавни акти поврзани со прекинот на работниот процес;

Даночно советување

  • Даночното советување е од голема важност во овој период, кога даночната регулатива трпи промени со цел поефективно бизнис секторот да се справи со кризата. Можеме да им помогнеме на даночните обврзници да утврдат дали ги исполнуваат условите за користење на мерките донесени од Владата за справување со кризата, и кои се понатамошните импликации врз биснисот од ваквите мерки.

Известувања за мерките донесени од Влада на Република Северна Македонија

Следете ја нашата страна со новости каде што ги објавуваме сите известувања за мерките за справување со ситуацијата.