Македонија
Languages

Languages

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот ноември – декември 2020 година

Податоци за плата и надоместоци од работен однос

Податоци за пресметка на плата во 2020 година

Плата payroll

Податоци за пресметка на плата во 2020 година

Просечна плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2020 година
38.319,00
Најниска основица за пресметка на придонеси за 2020 година (50% од 38.319)
19.160,00
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година (16 x 38.319)
За примањата од работен однос (плати)
613.104,00 *1
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година (12 x 38.319)
За самовработено лице и трговец поединец
 
459.828,00
Месечно даночно намалување (лично ослободување) за 2020 година                                                                                      
8.228,00*2

Минимална бруто плата за периодот 07.2020 - 03.2021 година                                                                                               

21.776,00
Минимална нето плата за периодот 07.2020 - 03.2021 година 
14.934,00

*1: Највисоката основица за плаќање на придонеси за 2020 година е пропишана со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (“Службен весник на РМ”, број 142/08…247/18).

*2: Даночно намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данок на личен доход, за 2020 година на годишно ниво, изнесува 98.736,00 денари.

Преглед на стапки на социјални придонеси на плати и данок на доход во 2020 година

Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување                                                                                               

18.80%

Придонес за задолжително здравствено осигурување                                                                                      

7.50%

Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување

0.50%

Придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност (придонес за вработување)                                                                                             

1.20%

Вкупно придонеси                                                                                     

28%

Данок на доход (единствена даночна стапка)

10,00%*3

*3: Согласно „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 од ден 27.12.2019, од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година данокот на доход ќе се пресметува со рамна даночна стапка од 10% (односно прогресивниот данок ќе биде ставен во мирување). Со стапка од 15% се оданочува доходот остварен од добивки на игри на среќа, додека сите останати видови доход се оданочуваат во стапка од 10%.

Податоци за плата и надоместоци од работен однос за периодот ноември 2020 - декември 2020 година согласно соопштенијата на Државниот Завод за статистика од 20.11.2020 година

 

Просечна исплатена плата во месецот по вработен

Месец

Бруто плата

Нето плата

Датум на соопштение од Државен завод за статистика

Септември 2020

40.913

27.405

20.11.2020

Август 2020

41.070

27.535

22.10.2020

Јули 2020

40.640

27.231

21.09.2020

Јуни 2020

40.107

26,867

20.08.2020

Мај 2020

39.398

26.390

20.07.2020

Април 2020

38.567

25.830

22.06.2020

Март 2020

39.437

26.422

21.05.2020

Февруари 2020

40.588

27.206

21.04.2020

Јануари 2020

41.087

27.540

20.03.2020

Декември 2019

39.932

26.836

20.02.2020

Ноември 2019

38.319

25.787

22.01.2020

Октомври 2019

38.227

25.726

20.12.1019

 

Просечна исплатена плата во тромесечие по вработен

Месец

Бруто плата

Нето плата

Датум на соопштение од Државен завод за статистика

Септември 2020

40.875

27.391

20.11.2020

Август 2020

40.605

27.210

22.10.2020

Јули 2020

40.043

26.826

21.09.2020

Јуни 2020

39.359

26.363

20.08.2020

Мај 2020

39.138

26.217

20.07.2020

Април 2020

39.537

26.490

22.06.2020

Март 2020

40.369

27.055

21.05.2020

Февруари 2020

40.536

27.194

21.04.2020

Јануари 2020

39.775

26.718

20.03.2020

Декември 2019

38.823

26,115

20.02.2020

Ноември 2019

38.115

25.650

22.01.2020

Октомври 2019

37.782

25.429

20.12.1019

Исплати кон вработени според општ колективен договор

  • Дневници за службени патувања во земјата

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмалку 8% од основицата (просечната три-месечна нето плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

НЕ*4

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

НЕ

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

2.191

22.10.2020 - 19.11.2020

2.177

21.09.2020 - 21.10.2020

2.146

20.08.2020 - 20.09.2020

2.109

20.07.2020 - 19.08.2020

2.097

*4: Согласно член 12, став 1, точка 18 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот на трошоци за службени патувања во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

  • Надомест за одвоен живот од семејството

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмалку 60% од основицата (просечната три-месечна нето плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

НЕ*5

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

16.435

22.10.2020 - 19.11.2020

16.326

21.09.2020 - 21.10.2020

16.096

20.08.2020 - 20.09.2020

15.818

20.07.2020 - 19.08.2020

15.730

*5: Согласно член 12, став 1, точка 18 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот за одвоен живот во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

  • Надомест за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавецот

Опис на надоместок

Се исплаќа во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

ДА, УСЛОВНО *6

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

*6: Согласно член 12, став 1, точка 17 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавецот за износ исплатен во висина до 3.500 денари месечно.

  • Отпремнина за заминување во пензија

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмалку 2 основици (просечна три-месечна нето плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

НЕ*7

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

54.782

22.10.2020 - 19.11.2020

54.420

21.09.2020 - 21.10.2020

53.652

20.08.2020 - 20.09.2020

52.726

20.07.2020 - 19.08.2020

52.434

*7: Согласно член 12, став 1, точка 22 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на отпремнина за заминување во пензија во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

  • Испратнина (Технолошки вишок)

Опис на надоместок

Се исплаќа зависно од бројот на години поминати во работен однос, но не помалку од 50% од просечната месечна нето плата по вработен

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

НЕ*8

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци (50% од просечна нето плата)

20.11.2020 - ................

13.703

22.10.2020 - 19.11.2020

13.768

21.09.2020 - 21.10.2020

13.616

20.08.2020 - 20.09.2020

13.434

20.07.2020 - 19.08.2020

13.195

*8: Согласно член 97 од Законот за работни односи испратнина за технолошки вишок се исплаќа во зависност од годините работен стаж на работникот и тоа:  

  • до 5 години работен стаж – во висина од 1 нето плата;
  • од 5 до 10 години работен стаж – во висина од 2,5 нето плати;
  • од 10 до 15 години работен стаж – во висина од 3,5 нето плати;
  • од 15 до 20 години работен стаж – во висина од 4,5 нето плати;
  • од 20 до 25 години работен стаж – во висина од 6 нето плати и
  • над 25 години работен стаж – во висина од 7 нето плати.

Oсновицата за пресметка на испратнината која се утврдува од просечната нето плата на работникот во последните шест месеци пред отказот не смее да биде помала од 50% од просечната нето плата исплатена по работник во Републиката во последниот месец пред отказот.

  • Надомест во случај на смрт на работникот

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмалку 3 основици (просечна три-месечна нето плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

НЕ*9

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

82.173

22.10.2020 - 19.11.2020

81.630

21.09.2020 - 21.10.2020

80.478

20.08.2020 - 20.09.2020

79.089

20.07.2020 - 19.08.2020

78.651

*9: Согласно член 12, став 1, точка 9 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот во случај на смрт на работникот во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

  • Надомест во случај на смрт на член од семејството во иста семејна заедница

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмалку 2 основици (просечна три-месечна нето плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

НЕ*10

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

54.782

22.10.2020 - 19.11.2020

54.420

21.09.2020 - 21.10.2020

53.652

20.08.2020 - 20.09.2020

52.726

20.07.2020 - 19.08.2020

52.434

*10: Согласно член 12, став 1, точка 9 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот во случај на смрт на член од семејството од иста семејна заедница во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

  • Надомест за претрпени штети од елементарни непогоди

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од 1 основица (просечна три-месечна нето плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

НЕ

Плаќање данок на личен доход

НЕ*11

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

27.391

22.10.2020 - 19.11.2020

27.210

21.09.2020 - 21.10.2020

26.826

20.08.2020 - 20.09.2020

26.363

20.07.2020 - 19.08.2020

26.217

*11: Согласно член 12, став 1, точка 10 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот за претрпени штети од елементарни непогоди во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

  • Јубилејна награда – за најмалку 10 години работа

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од 1 основица (просечна три-месечна нето плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

ДА*12

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

27.391

22.10.2020 - 19.11.2020

27.210

21.09.2020 - 21.10.2020

26.826

20.08.2020 - 20.09.2020

26.363

20.07.2020 - 19.08.2020

26.217

*12: Согласно Законот за данок на личен доход јубилејна награда се оданочува со данок на личен доход од работа по стапка од 10%.

  • Надомест за непрекинато боледување подолго од 6 месеци при повреда на работа или професионално заболување

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од 1 основица (просечна три-месечна нето плата по работник), на секои 6 месеци за времетраењето на боледувањето

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

ДА*13

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

20.11.2020 - ................

27.391

22.10.2020 - 19.11.2020

27.210

21.09.2020 - 21.10.2020

26.826

20.08.2020 - 20.09.2020

26.363

20.07.2020 - 19.08.2020

26.217

*13: Согласно Законот за данок на личен доход надоместок за непрекинато боледување се оданочува со данок на личен доход од работа по стапка од 10%.

  • Регрес за годишен одмор

Износ за регрес

Минимален износ за регрес

Максимален износ за регрес

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмалку 40% од основицата (просечната три-месечна нето плата по работник)

Се исплаќа во износ од најмалку 40% од основицата (просечната месечна бруто плата по работник)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

ДА

Плаќање данок на личен доход

ДА*14

ДА*15

Плаќање придонеси

НЕ

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

ДА, УСЛОВНО

Износи за исплата по месеци

Минимален износ за регрес

Максимален износ за регрес

20.11.2020 - ................

10.956

16.365

22.10.2020 - 19.11.2020

10.884

16.428

21.09.2020 - 21.10.2020

10.730

16.256

20.08.2020 - 20.09.2020

10.545

16.043

20.07.2020 - 19.08.2020

10.487

15.759

*14: Минималниот износ за регрес е нето износ на кој се пресметува данок на личен доход од 10%.

*15: Максималниот износ за регрес е бруто износ во кој е содржан данокот на личен доход од 10% и е даночно признат расход.

  • Трошоци за исхрана за време на работа – организирана исхрана

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмногу 20% од основицата (просечната месечна нето плата по работник за претходната година)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

НЕ

Плаќање данок на личен доход

НЕ*16

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

НЕ

Износ за исплата во 2020 година

01.01.2020 – 31.12.2020

5.043

*16: Согласно член 12, став 1, точка 19 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на трошоците за исхрана за време на работа во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

  • Надомест на трошоци за храна и превоз за волонтери

Опис на надоместок

Се исплаќа во износ од најмногу 15% од основицата (просечната месечна бруто плата по работник за претходната година)

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

ДА

Плаќање данок на личен доход

НЕ*17

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

НЕ

Износ за исплата во 2020 година

01.01.2020 – 31.12.2020

5.617

*17: Согласно член 12, став 1, точка 15 од Закон за данок на личен доход, не се плаќа данок на личен доход на надоместокот на лицата волонтери во висина на најнискиот износ утврден со општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Надоместот на трошоци за храна и трошоци за превоз до и од местото на волонтирање е право на волонтерите утврдено согласно член 10 став 2 од Законот за волонтерство.

За лицата ангажирани како волонтери кои вршат практична работа, друштвата имаат обврска да пресметаат и платат придонес за пензиско и инвалидско осигурување врз основа на повреда на работа и професионална болест во висина од 4% од просечната нето плата објавена во Републиката за тековниот месец, во согласност со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

  • Придонеси за доброволно пензиско осигурување за вработени - трет пензиски фонд

Опис на надоместок

Се исплаќа во висина од две просечни месечни бруто плати објавени во јануари во тековната година

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

НЕ

Плаќање данок на личен доход

НЕ*18

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износ за исплата во 2020 година

01.01.2020 – 31.12.2020

76.638

*18: Согласно одредбите на член 12 став 1 точка 36 од Законот за данок на личен доход, данок на доход не се плаќа на уплатен придонес во доброволен пензиски фонд за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто-плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Согласно одредбите на член 9 став 1 точка 5 од Законот за данокот на добивка, како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат трошоците по основ на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.

  • Уплатена премија за животно осигурување

Опис на надоместок

Се исплаќа во висина од две просечни месечни бруто плати објавени во јануари во тековната година

Задолжителна пресметка и уплата на надоместокот

НЕ

Плаќање данок на личен доход

НЕ*19

Плаќање придонеси

НЕ

Плаќање данок на добивка

ДА, УСЛОВНО

Износ за исплата во 2020 година

01.01.2020 – 31.12.2020

76.638

*19: Согласно одредбите на член 12 став 1 точка 35 од Законот за данок на личен доход, данок на доход не се плаќа на уплатена премија за животно осигурување за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, во висина до две просечни месечни бруто-плати во Република Северна Македонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика.

Согласно одредбите на член 9 став 1 точка 5-а од Законот за данокот на добивка, како непризнаени расходи за даночни цели се сметаат трошоците по основ на уплатени премии за осигурување на живот над износот од две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.

 

Доколку сте заинтересирани за нашата услуга за пресметка на плата, контактирајте нѐ.

Како може да ви помогнеме?

Контактирајте нè на +389 (0) 2  3233 301/302 . Поставете прашање или оставете коментари на нашата e-mail адреса .

Email us

Authors

Ивана Коцевска
Специјалист за ИТ и Процесирање на податоци
Босилка Стојановска
Асистент за ИТ и Процесирање на податоци