Македонија
Languages

Languages

Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самстојна дејност

Би сакале да Ве информираме дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 92/2020 од ден 06.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самстојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за време на вонредната состојба.

Главната мерка од економскиот пакет за поддршка на бизнис секторот во насока на намалување на економската штета предизвикана со прогласување на пандемија на коронавирусот - COVID-19 донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија e финансиска поддршка во вид на исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500,- месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност.

Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците април и мај 2020 година.

„Физичко лице кое врши самостојна дејност“ е трговец поединец, физичко лице кое врши земјоделска дејност, лице кое врши занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар.

Ве молиме посветете посебно внимание на следните членови од Уредбата:

  • Член 3 и 5 - во кој се опишани начинот и условите за користење на финансиската поддршка;
  • Член 4 – во кој е опишано за кои физички лица вршители на самостојна дејност не е применлива мерката;
  • Член 8 - во кој се дефинира износот на обврската за враќање на примените финансиски средства;

 

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик. ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.

Како може да ви помогнеме?

Контактирајте нè на +389 (0) 2  3233 301/302  или 078/214-414. Поставете прашање или оставете коментари на нашата e-mail адреса .

Email us

Authors

Тамара Габер
Асистент за бизнис развој