Во  „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 76/2020 од ден 24.03.2020 година објавена е Уредба со законска сила за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба.

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се забранува компаниите да одат во стечај за време на кризата со COVID-19 (коронавирус).

  • Со одлуката се запира можноста за поднесување на предлог за поведување на претходна постапка за отвaрање на стечајна постапка и отворање на стечајна постапка на стечајниот должник за време на траењето на вонредната состојба.
  • Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.
  • Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба.

Оваа одлука ќе се применува до траење на вонредната состојба и уште три месеци по прекин на вонредната состојба.

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик.  ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.