Македонија
Languages

Languages

Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба

Би сакале да Ве информираме дека во  „Службен весник на Република С. Македонија“ бр. 82/2020 од ден 27.03.2020 година објавена е Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба која се применува заклучно со денот на нејзиното објавување во службен весник.

Со оваа законска уредба даночните обврници имаат можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма. Целта е олеснување на работењето на даночните обврзници,да се спречи користењето хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот COVID-19, како и да се ослободат компаниите од потребата за печатење и достава во услови на намалени ресурси и дополнително да се стимулира промена на навиките за во иднина.

Согласно оваа Уредба со законска сила, за разлика од претходно, не е потребно примателот на фактурата да даде согласност со своја експлицитно изразена волја во хартиена форма дека приемот на фактурите ќе го извршува во електронска форма.

Права и обврски кои произлегуваат од оваа Уредба со законска сила за примена на Данокот на додадена вредност

Електронска фактура во смисла на оваа Уредба претставува фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите елементи согласно со член 53 став (10) од Законот за додадена вредност и е доставена по електронски пат до примателот на прометот.

  • Вршителот на промет (издавачот на фактура), кој има право да издава фактура треба да го извести примателот на прометот (примачот на фактурата), преку електронска пошта, електронска порака и/или друг начин дека за време на траењето на вонредната состојба, фактурите и другите документи од член 53 став 2 од Законот за додадена вредност ќе ги издава во (.pdf или друг електронски формат) согласно со член 53 став (10) од Законот за додадена вредност
  • Вршителот на промет (издавачот на фактура) кој нема да го извести примателот на прометот (примачот на фактурата) според горенаведениот начин ќе продолжи да издава фактури и други документи од член 53 став 2 од Законот за додадена вредност во хартиена форма
  • Примателот на прометот (примачот на фактурата) во рок од 10 дена од приемот на горенаведеното известување има право да го извести издавачот на фактурата дека ја одбива формата на достава. Ако по истекот на 10 дена од приментото известување, примателот на прометот не ја одбие формата на достава, ќе се смета дека е согласен доставата на фактури да се врши по електронски пат
  • Фактурите издадени по електронски пат му даваат право на примателот на фактурата на одбивка на претходниот данк согласно членовите 33,34 и 34-а од Законот за данок на додадена вредност, право на поделба на поделба на претходните даноци согласно со членот 36 од законот за додадена вредност и право на исправка на одбивката на претходниот данок согласно со членот 37 од законот за додадена вредност
  • Преку фактурата во електронска форма треба:
    • Да биде обезбедена автентичноста на потеклото на фактурата на начин што примателот на фактурата може недвосмислено да утврди дека таа фактура е испратена од издавачот на фактурата
    • Да биде обезбеден интегритетот на содржината на фактурата на начин што применетта технологија и процедури да оневозможуваат промена на податоците во фактурата
    • Да биде обезбедена читливост на фактурата, односно визуелна и разбирлива слика на издадената фактура на компјутерскиот екран или други електронски уреди на еднаков начин како и на хартија
  • Обврзниците кои што издаваат и примаат фактури по електронски пат се должни да ги исполнат евиденциските обврски согласно членот 52 од законот за додадена вредност

 

Нагласуваме дека не е потребен дигитален потпис на фактурите во електронска форма, доволен е потпис на овластеното лице за потпис на фактури.

Оваа Уредба со законска сила ќе се применува до завршувањето на вонредната состојба во Република Северна Македониjа.

Како може да ви помогнеме?

Контактирајте нè на +389 (0) 2  3233 301/302  или 078/214-414. Поставете прашање или оставете коментари на нашата e-mail адреса .

Email us

Authors

Тамара Габер
Асистент за бизнис развој