Даниела Анчевска
Соработник во сметководство

ЗА ДАНИЕЛА

Даниела е дел од секторот за сметководство и даноци во РСМ Македонија од декември 2022 година, каде ја извршува функцијата соработник во сметководство.

Во рамки на својата позиција, таа е одговорна за широк спектар на задачи како дел од тим назначен за водење на сметководствените процеси на клиенти од различни дејности. Во својата работа Даниела е посветена на прецизно внесување, анализа и усогласување на финансиски податоци во повеќе сметководствени системи. 

Даниела навремено обезбедува даночни консултации, подготвува даночни пријави и се грижи за регулаторна усогласеност на клиентите со постоечките прописи во земјата.

Позиции

  • Соработник во сметководство и даноци, РСМ Македонија

Регистрации

  • Сметководител (Институт за сметководители и овластени сметководители)

Квалификации

  • Дипломиран економист – Надворешна трговија – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Економски факултет – Скопје (2014)
  • Сметководител (2025)