Ива Хот, LL.M
Партнер и раководител на ХР и правен сектор
ЗА ИВА
Ива е партнер и раководител на секторот за правни работи и човечки ресурси во РСМ Македонија, каде што се приклучува во 2014 година. Таа е одговорна за сите правни ангажмани и процеси на компанијата и обезбедува нивна целосна усогласеност со законската регулатива.
Ива има повеќегодишно професионално искуство во областа на деловното право, трговското и корпоративното право, управувањето со компании, спречувањето на перење пари, даночното право, регулаторната усогласеност и јавната администрација. Таа обезбедува проактивно и длабинско правно советување, насочено кон деловните потреби и практичните решенија за клиентите и компанијата.
Позиции
- Партнер и раководител на сектор за правни работи и човечки ресурси, РСМ Македонија
Асоцијации
- Член на Комората на овластени правници на Република Северна Македонија
Регистрации
- Положен правосуден испит – Министерство за правда на Република Северна Македонија (сертификат бр. 08-2902/1 од 06.11.2017)
- Овластен судски преведувач од англиски на македонски и обратно – Министерство за правда на Република Северна Македонија
Квалификации
- Магистер по право (LL.M.), Правен факултет – Универзитет ФОН, Скопје
- Дипломиран правник (LL.B.), Правен факултет – Универзитет ФОН, Скопје
- Овластен судски преведувач од англиски на македонски јазик и обратно