Мартина Ѓуриќ
Контролор и надзорник во сметководство

ЗА МАРТИНА
Мартина Ѓуриќ е дел од тимот на РСМ Македонија од 2020 година, каде напредуваше до позиција контролор и надзорник во сметководство и даноци.
Нејзиното професионално искуство опфаќа сметководство, оданочување и постапки за враќање на ДДВ за нерезиденти. Мартина соработува со клиенти од приватни претпријатија со различни дејности, вклучувајќи трговија на големо и мало, производство и услужни дејности.
Со висока посветеност и внимание на деталите, таа обезбедува финансиските податоци да бидат целосно усогласени со локалните и меѓународните регулативи, како и сите извештаи и обврски да се изготвуваат навремено.
Позиции
- Контролор и надзорник во сметководство и даноци, РСМ Македонија
Регистрации
- Овластен сметководител (Институт за сметководители и овластени сметководители)
Квалификации
- Дипломиран економист – Сметководство и ревизија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (2019)
- Овластен сметководител (2023)