Стојан Јорданов, ОР, ОП, СВ

Стојан Јорданов е Партнер во РСМ Македонија со докажана историја на работа во ревизорската и сметководствената индустрија. Тој има долгогодишно искуство во областа на сметководство, ревизија, корпоративни финансии, менаџерски финансии, финансиско планирање и проценка. Стојан е Овластен ревизор, Овластен сметководител, Овластен проценител во повеќе области и Овластен судски вештак. Тој има над 35 години професионално искуство во ревизија на финансиски извештаи на јавни компании и приватни компании, верификација на расходите на проекти финансирани од ЕУ и проекти финансирани од владини и приватни фондови, due diligence, сметководство и даночен консалтинг.