Кои се предизвиците на непрофитните организации во своето сметководствено работење?

ruzica-simovska2.png

Непрофитните организации, здруженија и фондации, како и останатите опфатени со тој закон, во текот на своето работење се соочени со многу предизвици од аспект на сметководството, почнувајќи од неажурираниот закон и оскудниот контен план.

Се поставува прашањето, во такви услови, како најдобро да се води и организира сметководственото работење?

Во такви услови, е тешко да се воспостави квалитетно работење, особено кога треба да се работи согласно буџет кој го имаат на располагање непрофитните организации, добиен по насоки од донаторите, кои потоа бараат извештај по истиот. Дури и да не станува збор за донаторски проект, самата организација треба поефикасно да си го организира работењето и да прави планско трошење на средствата.

Потребен е квалитетен сметководствен програм за работа кој ќе овозможи внесување на ставките од буџетот, и поделба на книжењата согласно оддели/департмани, па така секој приход/трошок да си има своја ознака, односно да се знае од кој проект е, која буџетска ставка и на која буџетска линија припаѓа.

Со овој начин на работа се овозможува да се следи самиот буџет, како се спроведува трошењето на средства, да се гледа реализацијата и да се прават идни планови. На ваквиот начин организацијата е посвесна за самиот проект и може во секој момент да има преглед на располагање.

Многу важен аспект во овој дел, претставува и самата документација согласно проектот, што подразбира да на секој документ е означена буџетската ставка, како би можел сметководителот соодветно да го книжи истиот и да има точна информација. Како и непосредната комуникација меѓу организацијата и сметководителот.

Дали сте задоволни од моменталната состојба во вашата организација? Дали ги добивате сите потребни информации за вашето работење, навремено и точно?

Врз основа на нашето искуство, организациите кои доаѓаат кај нас барајќи услуги за сметководство, најчесто се решаваат за промена на сметководителот заради неажурност во евидентирањето, чести грешки, ненавремено известување и неможност за комуникација на англиски јазик.

На организациите им треба едноставно брза, точна и навремена услуга со одлична комуникација со сметководителот. Сериозните сметководствени друштва зад оваа навидум едноставна потреба на организациите, применуваат зад сцената сеопфатен и комплексен сет на активности. Од внимателно избрани кадри кои континуирано се усовршуваат и дообучуваат во различни сфери, до серија на контролни процедури и активности кои обезбедуваат квалитет на услугата.

Во Македонија сè  уште постојат сметководствени бироа од каде клиентите чекаат да добијат аналитичка картичка или извештај, испечатен или по е-пошта, наместо да добијат пристап во систем, каде во реално време ќе може да ја гледаат целокупната евиденција од мобилен телефон или компјутер, каде и да се на планетава. Ваквата пракса сметаме дека е губење на време и на сметководителот и на клиентот, и треба да замине во историјата.

Друг проблем, кој можеби не е директно видлив, е користење на непрофесионални електронски поштенски сандачиња од страна на сметководителите, од типот на yahoo, hotmail и gmail, преку кои се праќаат секакви податоци па вклучително и податоци за плати, кои се разбира содржат лични податоци опфатени со Законот за заштита на лични податоци кој забранува праќање на лични податоци надвор од територијата на ЕУ без одобрување од Агенцијата за заштита на личните податоци. Сите наведени погоре непрофесионални сандачиња ги чуваат податоците во САД.

Доколку сакаме да настапиме сериозно во деловниот свет, без разлика дали се работи за непрофитна организација или компанија, треба внимателно да одбереме со кого ќе соработуваме и ќе му ги довериме нашите документи и податоци.

Ако сакате вистинска промена кон подобро, тука е РСМ Македонија за да ги задоволи сите ваши потреби за вие да можете да се фокусирате на она што најдобро го работите во вашата основна дејност.

How can we help you?

Contact us by phone at +389 (0) 2 3233 301/302 or submit your questions, comments, or proposal requests.

Email us

Authors

Стефан Николоски, M-р по Економија, CISA
Партнер во ИТ и процесирање на податоци
Ружица Симовска
Контролор и надзорник во сметководство