Македонија
Languages

Languages

Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор

Во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 93/2020 од ден 07.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Главната мерка од економскиот пакет за поддршка на бизнис секторот во насока на намалување на економската штета предизвикана со прогласување на пандемија на коронавирусот - COVID-19 донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен од сите фирми погодени од кризата за месеците април и мај.

Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година.

Ве молиме посветете посебно внимание на следните членови од Уредбата:

  • Член 3, точка 4 - во кој се опишани условите за користење на финансиската поддршка
  • Член 4 – во кој е опишано за кои работници не е применлива мерката
  • Член 7 - во кој се дефинира износот на обврската за враќање на примените финансиски средства

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Во прилог e Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година на Македонски и Англиски јазик.

 

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик. ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.

Како може да ви помогнеме?

Контактирајте нè на +389 (0) 2  3233 301/302  или 078/214-414. Поставете прашање или оставете коментари на нашата e-mail адреса .

Email us