Македонија
Languages

Languages

Уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување

Во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 86/2020 од ден 01.04.2020 година објавена е Уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување.

Според оваа Уредба се утврдува дека извршителите се должни да запрат со преземање на било какви извршни дејствија, освен:

  • Во предметите за побарувања врз основа на законска издршка;
  • Со распределба на средствата пристигнати на нивните посебни сметки, доколку за тоа се исполнети законските услови;
  • Со дејствијата кои следат по наплатата на средства од должникот, успешно спроведени јавни надавања, или продажби со непосредна спогодба;
  • Примања на барања за извршување и електронско евидентирање во Уписникот за примени барања на извршување;
  • Изготвување на барања за податоци и информации за испитување на економската состојба на должниците и електронска достава до институциите;
  • Изготвување на налог за извршување на недвижност и електронска достава до јавната книга заради прибележување на налогот;
  • Изготвување на налог за забрана за располагање и оптоварување на хартии од вредност и електронска достава до Депозитарот за хартии од вредност.

Работодавците на должниците, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ и носителите на платен промет се должни да запрат со постапување по издадените налози од страна на извршителите, во периодот до 30 јуни 2020 година.

 

Уредбата влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 

 

Напомена: Информацијата содржана во овој документ не содржи било какви експлицитни или имплицитни гаранции. РСМ Македонија не презема никаква одговорност за било какви грешки или пропусти во содржината на овој документ. Користењето на информациите содржани во овој документ е на сопствен ризик.  ПОД БИЛО КАКВИ ОКОЛНОСТИ, ДРУШТВОТО РСМ МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРНО ЗА БИЛО КАКВИ ШТЕТИ ПРОИЗЛЕЗЕНИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ОВОЈ ДОКУМЕНТ, ДУРИ И АКО СТЕ БИЛЕ СОВЕТУВАНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ПОСТОЕЊЕ НА ТАКВИ ШТЕТИ.

Како може да ви помогнеме?

Контактирајте нè на +389 (0) 2  3233 301/302  или 078/214-414. Поставете прашање или оставете коментари на нашата e-mail адреса .

Email us